Сезоната во најсилните лиги на Европа заврши, па сега фудбалерите кои играат за најквалитетните репрезентации на стариот континент се подготвуваат за Европското првенство во Германија. Полека слегнуваат впечатоците од сезоната зад нас, па на површина излегуваат многу интересни информации и статистики.
Една од нив е онаа за најпосетуваните клубови на светот во сезоната 2023/24. На врвот според посетеноста и тоа убедливо е финалистот во Лигата на шампионите, екипата на Борусија Дортмунд. Во просек сезонава по 81,305 навивачи ги следеле натпреварите на „милионерите“. За ситуацијата да биде уште полуда вреди да се напомене дека вкупниот капацитет на „Сигнал Идуна Парк“ е 81,365, а тоа значи дека стадионот секогаш бил преполн речиси до последното место. Секогаш Борусија била позната по лудата поддршка, меѓутоа оваа сезона беше посебна бидејќи и еуфоријата беше висока поради ланското драматично губење на титулата. Момците на Един Терзиќ апсолутно одговорија на довербата и дотуркаа до финалето на елитното европско натпреварување…
Покрај Борусија, со стопроцентна посетеност на стадионите според капацитетите се уште Баерн Минхен, Вест Хем, Бока Јуниорс, Њукасл, Келн, Њуелс Олд Бојс
Инаку, на второто место е пласирана Ривер Плата, која во просек сезонава (кај нив е во тек) ја гледаат 76,110 навивачи. па следи Баерн пред Манчестер Јунајтед, Интер, Реал, Милан, Рома, Вест Хем и Шалке во топ десет. Неверојатен е фактот дека меѓу педесетте најпосетени клубови оваа сезона има четири германски второлигаши…