Златан Ибрахимовиќ и Вејн Руни влегуваат во бокс ринг еден против друг?

by 24 фудбал
1 минути читање

Неверојатна информација го изненади фудбалскиот свет, а таа е поврзана со Златан Ибрахимовиќ и Вејн Руни. Поранешните фудбалери би можеле да се пробаат во аматерски бокс меч под организација на „Мисфитс Боксинг“.

За ова зборуваше пеачот Мамс Тејлор кој се занимава со договарање на борби на светските ѕвезди.

Се обидов да го уверам Златан дека и тој може да настапи на бокс меч. Добар пријател сум со неговиот менаџер и мавме разговор. Беше навистина кул, кажа дека ги следи мечевите. Порано се занимаваше со кикбокс, сметам дека би бил добар и во ова.

Ќе ви кажам дека разгорите се водени и со Вејн Руни освен Златан. Мислам дека е прашање на време кога ќе се оствари борбата“, изјави Тејлор.

Слично како и Златан, Руни во минатото покажуваше интерес за боречките спортови, па организацијата сака да направи спектакл.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани