15
Израелските навивачи беа нападнати по мечот меѓу Ајакс и Макаби Тел Авив, а инцидентите ги прокоментира и фудбалерот Хаким Зијеш.
Израелците провоцираа среде Амстердам во текот на денот и за време на натпреварот, не ја почитуваа ниту минутата молк за жртвите во Валенсија. А, по мечот беа нападнати од подржувачи на Палестина.
Ѕвездата на мароканскиот фудбал, Хаким Зијеш ги поддржа напаѓачите, кои претежно се и мигранти од неговата земја.
„Кoга не се жени и деца пред нив, тие бегаат“, напиша Зијеш.
Фудбалерот со ова алудира и на честите напади од Израел кон Палестина врз цивилно население.