Зиркзе ќе го прекине одморот во Мајами, доби повик да игра на Европско!

by riste
1 минути читање

Ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе во последен момент доби повик да игра за холандската репрезентација на Европското првенство.

Зиркзе дополнително е повикан поради повредата на Брајан Бробеј. Тој во моментов е на одмор во Мајами, но со задоволство ќе го прекине и ќе се приклучи на соиграчите од холандската репрезентација.

23-годишниот Зиркзе ги поминал сите младински категории на Холандија, но досега нема одиграно натпревар за сениорскиот тим. Па на Европското првенство може да се случи неговото деби.

Претходно дополнителен повик доби и Јан Матсен кој го замени Де Јонг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани