Благодарение на голот на новото засилување, Џошуа Зиркзе Манчестер Јунајтед славеше победа во вчерашниот натпревар против Фулам.
Холанѓанецот кој пристигна од Болоња на теренот влезе во 61. минута, а во 87. минута асистенцијата на Гарначо ја претвори во гол.
По натпреварот не го криеше задоволство од неговото деби за кое како што вели било како од соништата.
„Победивме во во мојот прв натпревар дома и јас постигнав гол. Благодарен сум на тоа што добив можност да почувствувам такво нешто во мојот прв натпревар. Чувството е неверојатно. На крајот победивме и тоа е она што го посакувавме. Не можам да опишам како се чувствувам. Сакаме да постигнеме нешто големо, овој натпревар за мене беше како од соништата“, изјави Зиркзе.
„Менаџерот ми кажа дека морам да внесам енергија и да помогнам на екипата колку што е можно. Манчестер Јунајтед е голем клуб и секогаш се стремите да бидете најдобри. Тоа вклучува и двање 100% на дневно ниво“, порача Холанѓанецот.