Здодевно реми меѓу Астон Вила и Манчестер јунајтед, Челси загуби два бода против Нотингем форест (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Дербито меѓу Астон Вила и Манчестер јунајтед заврши без погодоци, Челси не успеа да го победи Нотингем форест со играч повеќе, мечот заврши 1-1.

Астон Вила и Манчестер јунајтед одиграа тактички претпазлив натпревар, без многу возбудувања со по некоја шанса и на двете страни, но Мартинез и Онана го одбранија тоа што беше шутнато кон нивниот гол.

За разлика од Вила Парк, на Стемфорд Бриџ имаше повеќе возбудувања.

По пет минути игра во вториот дел, Вуд даде гол за водство на Нотингем форест од 1-0, но Челси изедначи само седум минути подоцна со гол на Мадуеке.

Нотингем форест во 78. минута остана со играч помалку откако Ворд Праус заработи втор жолт картон.

Челси напаѓаше, но не успеа да постигне и втор гол и да дојде до победа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани