Најздодевната вечер досега на Европското првенство ја донесоа вечерашните натпревари од групата „Ц“ во кои не видовме погодоци.
Освен што немаше погодоци, видовме и премалку сериозни шанси. Србија можеби ќе жали за поништениот гол поради минимален офсајд, меѓутоа во цел натпревар покажаа премалку, а ништо поразлично не може да се каже ниту за Данците.
Во таква ситуација одиграа натпревар со резултат по која е елиминирана само Србија. Словенците со бодот против Англија со три нерешени резултати обезбедија осминафинале како третопласирани, додека Данска е втора само поради подобар рејтинг, бидејќи двете селекции беа изедначени и по бројот на жолти картони.
Англија во следната фаза поминува како лидер во групата, Данска е втора и оди на Германија, додека Словенија ќе чека противник како третопласирана.