496
Звучи неверојатно, но тимот на Челси цели шест години чекаше за да има повторно играч на месецот во Премиер лигата.
Премиер лигата денеска објави дека најдобар во најсилната англиска конкуренција за изминатиот месец е Кол Палмер. Пред Палмер кој навистина имаше одличен месец од редовите на Челси оваа награда ја освои Еден Азар во 2018 година.
Во изминатиот месец Палмер одигра два натпревари во кои постигна хет-трик против Манчестер Јунајтед, додека на Евертон му даде четири гола. Овие два дуели „сините“ ги добија со 4:3 и 6:0.
Дека ова дефинитивно беше негов месец покажува и тоа што ја однесе наградата и за гол на месецот. Во досегашниот дел од сезоната Палмер зад своето име има 21 гол и девет асистенции.