Репрезентацијата на Северна Кореја е светски шампион во фудбал и тоа не е лага на режимот на Ким Јунг Ун, а ниту шега.
Во прашање е женската репрезентација на оваа земја до 17 години, која ја победи Шпанија по изведувањето на пенали, откако средбата заврши 1:1 во регуларниот дел од финалето кое се играше во Домениканска Република.
Шпанија прва дојде до водство, а Кореја стигна до изедначување на 20-тина минтуи до крајот.
Откако немаше голови до крајот на регуларниот дел и продолженијата победникот се решаваше по изведување на пенали. Во непанл серијата голманката на Северна Кореја Пак Џу-Гионг отбрнаи еден пенал и така донесе титула за својата селекција.
Во оваа конкуренција за Северна Кореја ова е трета титула по златото во 2008 и 2016 година.