За 12 години не освои ниту еден трофеј со Тотнем, а сега Лорис освои Куп со Лос Анџелес! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Лос Анџелес го освои МЛС Купот во Соединетите Американски Држави. Во финалето Лос Анџелес беше подобар од Спортинг Канзас со 3-1.

Резултатот го отвори ветеранот Оливие Жиру. Потоа екипата на Канзас успеа да израмни преку Томи по еден час игра. Во продолженијата победата на Лос Анџелес им ја донесоа Кампос и Камара, за трофеј во ова натпреварување.

Со тимот на Лос Анџелес на трофејот се радуваа поранешните француски репрезентативци Оливие Жиру и Хуго Лорис.

Интересно е дека поранешниот голман на Тотнем за 12 години во Лондон не освои ниту еден трофеј, меѓутоа веднаш кога замина се радува на титула со Лос Анџелес. Во кариерата тој освојуваше трофеи и со Франција, но и со поранешниот клуб Лион.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани