За Реал дебитираше едно од момчињата кои беа обвинети за ширење на детска порнографија

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид викендов ја совлада Осасуна (4-0) во 13. коло на шпанската Ла Лига. Успеа „кралот“ да се разбуди по двата порази од Милан и Барселона.

Во финишот на мечот на „Сантијаго Бернабеу“ деби за клубот забележа младиот стопер Раул Асенцио. Се работи за 21-годишник кој беше и асистент на голот на Белингем во завршницата.

Асенцио беше меѓу најталентираните момчиња во школата на Реал Мадрид, но исто така околу него се вртеше и еден скандал. Се верува дека тој беше меѓу четирите млади фудбалери од Реал кои минатата година беа обвинети за ширење детска порнографија.

Наводно тој и уште тројца од младиот тим на „кралевите“ снимале сексуални односи со малолетнички без нивна согласност, па потоа истите видеа ги препраќале. Своевремено момчињата беа и приведени, а истратага и натаму трае.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани