157
Иван Перишиќ нема да биде дел од утрешниот натпревар на Хајдук против Локомотива Загреб бидејќи Џенаро Гатузо реши да го отстрани славниот фудбалер од првиот тим.
Перишиќ требаше да биде еден од лидерите на Хајдук оваа сезона, но во следниот меч нема да добие шанса затоа што Гатузо решил да го отстрани поради недисциплина.
„Од првиот ден кога дојдов на кормилото во Хајдук барам дисциплина. Постојат јасни правила и секој мора да ги почитува“, кажа Гатузо.