За Анчелоти еден фудбалер е незаменлив: Не постои цена за која Реал би го продал

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид има тим полн со ѕвезди, но во сенка еден фудбалер игра се подобро и подобро. Станува збор за Федерико Валверде кој клубот исклучително го цени, па така клубот нема намера по никоја цена да се откаже од неговите услуги.

Валверде кој има 26 години игра на високо ниво и медиумите блиски до клубот пренесуваат дека нема цена по која „кралевите“ би го пуштиле да замине.

„Клубот го смета Валверде за незаменилив. Постои голем интерес за него од други европски клубови, но не постои сума за која Реал би го продал“, објави „АС“.

Валверде во изминатите месеци најмногу се поврзуваше со Ливерпул, меѓутоа никогаш не дојде до сериозни преговори. Неговата цена според „Трансфермаркт“ изнесува 130 милиони евра, меѓутоа јасно е дека клубот нема да го пушти.

Сезонава за Реал Мадрид тој одигра 12 натпревари во сите натпреварувања, постигна три гола и додаде две асистенции, но тој врши голема работа на средината на теренот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани