Фудбалерите на Беса го совладаа Вардар (2-1) во 10 коло на Првата македонска лига.
Домаќинот во Гостивар подобро ги искористи своите шанси и освои важни бодови во ПМФЛ. По победата својот став го изнесе искусниот голман Дино Захов.
„Позитивните резултати ќе ја кренат нашата самодоверба. Знаевме дека ќе биде тешко против Вардар, натпреварот го решија индивидуалните потези. Имавме неколку конкретни можности и среќа по нас е што ги искористивме.
Што се однесува до Брера, тие се квалитетен склоп на играчи. За да ја напуштиме Струмица со победа, мора да одиграме коректно и да бидеме фокусирани, особено во дефанзивата. Се надевам дека позитивните резултати во последните натпревари ќе ни бидат добри за кревањето на самодовербата“, изјави Захов.
Веќе во среда Беса ја очекува натпревар против Брера во Купот на Македонија, додека Вардар ќе го дочека Тиквеш.