Екипата на Вардар утрово го потврди заминувањето на Горан Петрески кој на клупата на црвено-црните се задржа само два натпревари во кои претрпе порази од Шкупи и Воска Спорт, па клубот е во потрага по нов предводник.
Сезоната во Вардар ја започна Горзад Михаилов кој го водеше тимот и во минатата сезона, но тој доби отказ по победата против Пелистер, а неговиот наследник Петрески не издржа долго. Според последните информации прва желба на Вардар за нов предвник кој би бил трет сезонава е Срѓан Захариевски.
Захариевски последниот ангажман го имаше во Воска Спорт и во овој момент е без ангажман. Состанокот помеѓу Захариевски и Вардар треба да се одржи во текот на утрешниот ден по што би требало да биде појасно дали тој ќе биде новиот предводник на црвено-црните.
Своевремно Захариевски беше дел од Вардар како играч, а сега за првпат би добил улога на тренер во неговиот поранешен клуб.
Вардар од почетокот на сезоната во четири кола има три порази и една победа и со три бода се наоѓа на дното на табелата, ист број на бодови има и струмичка Брера.