Ќе одиграте цела сезона, нема да загубите ниту еден натпревар, па дури и нема да примите гол. Тоа асоцира на убедливо освоена првенствена титула.
Епа не е секогаш така. Неверојатна ситуација доаѓа од женскиот фудбал во Шведска, поточно од Четвртата лига во пирамидата. Екипата на Ангелхолмс ги направи сите горенаведени работи, меѓутоа на крајот финишира на второто место и за бод извиси за титулата.
Во сезоната која заврши Ангелхолмс имаа 15 победи и три ремија, без ниту еден пораз. Притоа гол-разликата им беше 78 постигнати, а НУЛА примени гола… Ниту тоа не им донесе титула, од проста причина што имаше подобар тим од нив.
Трофејот во Четвртата женска лига во Шведска замина во рацете на Љунгбихедс кој собра 49 бода, наспроти 48 за екипата на Ангелхолмс.
Шампионките имаа 16 победи и по една нерешена и пораз, постигнаа вртоглави 121 гол и примија 14.