Фудбалерот на Панатинаикос и грчки репрезентативец Џорџ Балдок починал како последица на давање, потврдила обдукцијата која била направена денеска врз неговото тело.
Балдок бил пронајден од сопственикот на вилата кој бил контактиран од сопругата на фудбалерот која подолго време не можела да стапи во контакт со него.
Набрзо пристигнала и брзата помош, а сите сомнежи укажуваа дека фудбалерот се удавил на крајот тоа е и потврдено.
Локален грчки фотограф со дрон го снимал местото каде била несреќата, снимил дека крај базенот има две шишиња од кое едното било сигурно вотка, а другото вода или тоник. Но, уште нема информација за тоа дали Балдок бил во алкохолизирана состојба кога починал.
Тоа би требало да биде познато по токсиколошките наоди кои се очекува да бидат готови за неколку дена.