ЖФК Љуботен е шампион во Првата ЖФЛ за сезоната 2023/24

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на ЖФК Љуботен и официјално се шампиони во Прва ЖФЛ за сезоната 2023 -2024 со освоени 72 бода, еден повеќе од второпласираната екипа на ЖФК Каменица Саса.

ЖФК Цевитана во наредната сезона ќе настапува во Втората ЖФЛ, додека шампионот на Втората ЖФЛ, екипата на Атлетико обезбеди директно учество во Првата ЖФЛ за сезоната 2024-2025.

На бараж натпреварот за пополнување на Првата ЖФЛ, екипата на Топ Гол славеше победа со убедливи 6:0 над Вардар и наредната сезона повторно ќе настапува во Првата лига за жени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани