Жестоки критики за Клоп: Лажен е како и неговите заби!

by Стефан
1 минути читање

Германецот, Јирген Клоп од 1 јануари 2025 година ќе биде глобален шеф на фудбал во Ред Бул и тој ќе соработува со сите тренери во клубовите кои се во сопственост на оваа компанија.

Клоп веќе потпиша долгогодишен договор во кој има клазула дека може да ја напушти работата ако добие понуда да стане селектор на Германија која во овој момент е предводена од Јулијан Нагелсман. Нагелсман со Фудбалскиот сојуз на Германија има договор до 2026 година.

Но, по оваа информација Клоп добива критики од германските медиуми. Германците се лути што Клоп неговите традиционални вредности кон фудбалот ги менува со компанија чиј модел на успех се потпира на пари, па така тие потсетуваа на неговите изјави за модерниот фудбал во кои што тврдеше дека никогаш не би водел клуб кој што „со пари може да купи се што им недостасува како на видео игра“.

Жесток во критиките беше и новинарот Гнтер Клеин кој на неговиот профил на социјалната мрежа „X“ објави: Клоп е лажен како и неговите заби.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани