Поранешниот италијански репрезентативец, Антонио Касано жестоко го критикуваше Душан Влаховиќ и ги доведе во прашање квалитетите на српскиот голгетер.
Влаховиќ во текот репрезентативната пауза изјави дека повеќе му одговара да игра во дресот на Србија бидејќи има помалку обврски во добраната, а тоа што го изјави веројатно не им се допадна и на луѓето во Јувентус.
Јавно на оваа тема се одлучи да зборува Касано кој не штедеше критики кон напаѓачот.
„Во Фиорентина Влаховиќ ги имаше најдобрите четири месеци во кариерата со 17 постигнати голови. Играше само во нападот. Во Јувентус кај Алегри беше на 70 метри од голот ,а сега со Мота вели дека мора да игра во одбраната и прави нешто што не му се допаѓа.
Проблемот, драг Влаховиќм е што треба да знаеш да играше фудба, а ти не знаеш. Вредиш 75 милиони евра и ужасно играш! Ако имаш нешто да му кажеш на тренерот, кажи му во лице, не пред медиуми“, изјави Касано.
Сезонава Влаховиќ на 16 натпревари за Јувентус постигна девет голови, а во клубот од Торино пристигна од Фиорентина во јануари 2022 година за 83.5 милиони евра.