145
Фудбалерите на Селтик покажаа дека одново се прв кандидат за трофејот во Шкотска, па во првото сезонско „Олд Фирм“ дерби против Глазгов Ренџерс славеше со убедливи 3-0.
Уште од стартот „келтите“ се наметнаа и постигнаа гол преку Фурухаши кој беше поништен. Сепак, по 17 минути игра водство донесе Маеда. Овој резултат беше активен до пред полувремето, а тогаш Фурухаши пак ја стресе мрежата на Ренџерс.
Во вториот дел по серија измени, капитенот Калум Мекгрегор даде ефектен гол. Тој повлече од десната напаѓачка страна и биеше неодбранливо за голманот Батленд и ги постави конечните 3-0.
По четири одиграни натпревари Селтик е максимален, а има 12 постигнати гола без ниту еден примен.