Еуфорија во Сплит: Навивачите му подготвуваат спектакуларен пречек за Ракитиќ

by Стефан
8 минути читање

Иван Ракитиќ и официјално стана играч на Хајдук, а денеска тој ќе биде и официјално претставен пред навивачите.

Голема е еуфоријата во Сплит поради пристигнувањето на хрватскиот ветеран, па така навивачите му подготвуваат спектакуларен пречек.

На аеродромот Ракитиќ ќе слета во 16:00 часот по што ќе се упати кон „Пољуд“. Претставувањето е закажано за 19:30 часот, но навивачите се организираат во 19:00 часот да бидат собрани.

Ракитиќ ќе бие најтрофејниот фудбалер кој некогаш заиграл за Хајдук. Во кариерата освои многу трофеи, а најголемите успеси ги забележа во дресот на Барселона со која ја освои и Лигата на шампионите во 2015 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани