Фудбалската репрезентација на Македонија во второто коло од Лигата на Нации на домашен терен вечерва ќе игра против Ерменија и ова ќе биде натпревар во кој сакаме да победиме првпат по 11 месеци.
Разочарување за фудбалската јавност беше ремито во Трошавн против Фарски Острови, па сега против репрезентација која добро ја познаваме ќе се обидеме да дојдеме до три бода.
Последен пат против Ерменија игравме во пријателски натпревар пред 11 месеци во Струмица и во тој дуел славевме победа од 3:1. Ако ја погледнеме традицијата таа е на наша страна, но формата е на страна на Ерменците.
Македонија и Ерменија досега одиграле 13 натпревари, ние сме победиле на шест, а тие на четири. Често пати сме играле и ефикасни натпревари. Најубедливата победа исто така ја има Македонија и таа 0:5 од 2021 година. Ерменија има победи од 4:0 и 4:1.
Формата за избраниците на Милевски може да биде проблем бидејќи токму трој триумф против Ерменија во Струмица пред 11 месеци е наша последна победа.
Натпреварот се игра од 20:45 часот на Националната Арена „Тодор Проески“.