Италијанскиот новинар специјализиран за трансфери, Џанлука Ди Марцио, најавува тренерска смена во Манчестер Јунајтед.
Ерик Тен Хаг е на излезните врати од „Олд Трафорд“, откако клубот остана без европско место во тековната сезона, а во Лигата на шампионите групната фаза ја заврши на последното место. Според Ди Марцио, нема дилеми и Тен Хаг со сигурност заминува, меѓутоа прво мора да ги заврши обврските во Манчестер.
В сабота следи градското дерби во финалето на ФА Купот, каде што Јунајтед и Сити ќе се борат за последниот англиски трофеј годинава. Како потенцијални замени за Тен Хаг се споменуваат неколку имиња, пред сè Киеран Мекена, Роберто Де Зерби, Маурисио Почетино…
Холанѓанецот Тен Хаг седна на клупата на Манчестер Јунајтед во јули 2022 година, а има договор до следното лето. Тој го водеше тимот на 113 официјални натпревари на кои запиша 67 победи, 15 нерешени и дури 31 пораз.