238
Големиот бразилски талент, Ендрик кој е нов фудбалер на Реал Мадрид, извади еден интересен податок, неговиот татко сакал тој да се вика Ди Стефано по легендата на кралскиот клуб.
„Вистина е, татко ми сакаше да се викам Ди Стефано, но мајка ми одби. Мојата приказна со Реал Мадрид веќе беше во погон дури и пред да се родам“, вели Ендрик.
Покрај Ендрик, во офанзивата Реал Мадрид ќе го има и Мбапе.
„Секако дека со Мбапе ќе изгледаме како тим од видео игра наредната сезона“.
Ендрик ќе го скрати одморот за цели две недели со цел порано да се приклучи на подготовките на Реал Мадрид.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.