Ендрик влезе во историјата на Реал: „Гол на Бернабеу, играм со фудбалери кои ги гледав на ТВ, ми се исполни сонот…“

by 24 фудбал
1 минути читање

Новата бразилска ѕвезда Ендрик беше стрелец за Реал Мадрид во победата над Ваљадолид (3-0). Младиот Бразилец го постигна својот дебитантски гол за „кралскиот“ клуб, па по натпреварот не го криеше своето задоволство. Тој нагласи колку е среќен за постигнатото и дека му се исполни сонот.

Мислам дека сите сме среќни. Игравме пред нашите семејства. Моето знае колку работев и патев за ова. Луѓето ме критикуваа, не само мене туку и моите блиски. Минавме низ тоа, а во моментов животот ми е преубав. Пресреќен сум, си го исполнив сонот. Претходно играв на „Бернабеу“ со Бразик, дадов гол… Сепак, тоа не беше во дресот на Реал Мадрид. Овие фудбалери ги гледав на телевизија и на видео игрите. Играчи како Белингем, Вини, Родриго… тие ќе бидат тука уште долго, а на мене е да работам и да го чекам својот момент“, изјави Ендрик.

Со овој постигнат погодок бразилскиот фудбалер стана најмлад странец кој дал гол за Реал Мадрид во историјата на Ла Лига.

Ендрик со 18 години и 35 дена го впиша своето име во историските книги.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани