Ендрик клоцна противник во меѓуножјето, но не доби црвен картон! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
2 минути читање

Новата бразилска млада ѕвезда на Реал Мадрид, Ендрик, се извлече и не доби црвен картон во победата на неговиот тим против Алавес (3-2).

Течеше 83. минута, а Реал водеше со 3-0 и затоа е несфатлива реакцијата на младиот Бразилец. Имено по еден дуел тој намерно клоцна противнички фудбалер и тоа во меѓуножјето.

Ривалот падна на тревникот, Ендрик зачудено ги крена рацете. Судијата Руиз веднаш дотрча до него и почнаа да се објаснуваат. Реакција од ВАР собата немаше, судијата на теренот го забележа ударот, но го окарактеризира како старт за жолт картон.

Сепак, јасна е намерата на Ендрик да го удри противникот и се наметнува прашањето дали судиите погрешија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани