340
Печат на победата на Германија над Шкотска стави Емре Џан кој го постигна петтиот гол за Германците за конечни 5-1 во воведниот меч од Европското првенство.
Џан не се најде на првичниот список на Нагелсман, туку беше дополнително повикан пред само два дена. Мораше да го скрати одморот и да им се приклучи на соиграчите.
„Луда приказна. Пред два дена бев на одмор. Добив повик во средата, тренирав една, влегов денеска во игра и дадов гол. Многу сум среќен и благодарен на Јулијан и неговиот стручен штаб“, изјави Џан по натпреварот.