Поранешниот германски голман, Георг Кох даде емотивно интервју за германските медиуми во кое откри дека боледува од рак на панкреасот и се наоѓа во тешка состојба.
Во кариерата бранеше за Кајзерслаутен и Динамо Загреб, а минатата година работеше како тренер во третолигашот Викторија Келн, но од овој клуб си замина поради здравствените проблеми.ѓ
Кох во интервјуто откри и дека докторите му предвидуваат најмногу уште шест месеци живот.
„Морам да ги држам емоциите под контрола. Целиот живот ми се промени по само три реченици. Знаев дека ќе треба да се борам, така е секогаш во мојот живот. Не можев да се откажам, никогаш не сум се откажувал во животот. Има денови кога сум депресивен, има и денови кога корнам дрвја, тешко можам да објаснам. Не знам како ќе бидам утре. Некогаш сум расположен навечер, а потоа кога ќе станам едвај дишам. Докторите велат дека имама шест месеци живот. Поминав многу хемотерапии, добив и лек од САД. Ова е моето последно интервју“, емотивно зборуваше Кох.