97
Астон Вила вчера се радуваше на голема победа, со 1-0 го совлада Баерн Минхен во Лигата на шампионите.
Баерн Минхен е стар пациент на Унаи Емери, па оваа победа не е случајна.
Емери со оваа победа ја прекина серијата на Баерн Минхен од 41 натпревар без пораз во групната фаза од Лигата на шампионите, бидејќи ова им беше прв загубен меч од 2017 година, а интересно тогаш беа поразени токму од Емери кој беше тренер на ПСЖ.
Емери го изедначи и рекордот на Жозе Мурињо, тие двајца се единствените тренери кои со три различни клуба го победиле Баерн Минхен.
Португалецот тоа го направи со Челси, Интер и Реал Мадрид, а на Емери му успеа со Астон Вила, ПСЖ и Виљареа.