Ел Шарави: Италија никогаш не „умира“, имаме тим за да истуркаме далеку – можеби до крајот на ЕП

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Италија во осминафиналето на Европското првенство ќе се судрат со Швајцарија, откако изборија директен пласман преку второто место во „групата на смртта“ со Шпанија, Италија и Албанија.

Во пресрет на нокаут фазата своето мислење го сподели Стефан Ел Шарави. Фудбалерот на Рома смета дека Италијанците имаат тим за да дотуркаат далеку на турнирот.

„Тоа реми нас не освести за квалитетот кој тимот го поседува. Никогаш не се откажуваме, Италија никогаш не умира. Да дадеш гол во последните секунди некому му изгледа како среќа, но за мене тоа е доказ за квалитет. По мое мислење, можеме да дотуркаме далеку на овој турнир, дури и до крајот. Имаме група на квалитетни играчи кои играат добро, а тоа го покажавме во првиот меч од групите“, изјави Ел Шарави.

Како доказ за можностите на европскиот првак Ел Шарави го посочи ремито со Хрватска и борбата до последните секунди кога беше изборено реми.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани