193
Новата сезона во германската Бундеслига ќе започне викендот меѓу 23 и 25 август.
Во оваа сезона (барем во овој момент) Македонија ќе има два индивидуални претставници, а тоа се Ељиф Елмас и Агон Елези. Среќата посака во првото коло да се судрат токму нивните клубови РБ Лајпциг и Бохум. Сепак, минатата сезона Елмас беше главно резервист и влегуваше од клупата, а Елези воопшто не играше за својот клуб, па останува да видиме дали нешто ќе се смени.
Во оваа рунда првакот Баер Леверкузен оди на гости кај Борусија Менхенгладбах, додека Баерн патува во Волфсбург.
Веќе во втората рунда има интересно дерби, во кое Елмас и Лајпциг одат на гости кај шампионот на Германија.