Екипата на Лајпциг ќе биде лидер на табелата во Бундеслигата барем до утрешниот натпревар на Баерн Минхен со Бохум откако денес го совладаа Фрајбург со 3:1.
Тренерот Марко Росе за овој натпревар не можеше да смета на Чави Симонс кој се повреди, но и без него тимот одигра одличен натпревар. Се очекуваше и Елмас можеби да добие повеќе шанса, меѓутоа тоа не се случи и македонскиот репрезентативец остан а на клупата.
Фрајбург водеше по првите 45 минути, но Лајпциг во вториот дел со головите на Орба, Гертруида и Опенда направи целосен пресврт.
Фудбалерите на Аугусбург ја изненадија Борусија Дортмунд во рамките од осмото коло во Бундеслигата славејќи победа со 2-1.
Не изгледаше дека ќе видиме изненадување во натпреварот кога Мален по само четири минути ја доведе Борусија во предност. Сепак, домаќините не ги откажа тој примен гол и успеаа брзо да се вратат.
Клуд-Маврис во 25. минута ја погоди мрежата на „милионерите“ за предност од 1:0. Во второто полувреме истиот играч постигна и уште еден гол кој се покажа како доволен за победа.
Во преостанатите два натпревар Штутгарт со 2-1 беше подобар од Холштајн Кил, додека Сент Паули и Волфсбург ремизираа 0-0.