Екипата на Лајпциг утре ќе игра против Јувентус во рамките од второто коло на Лигата на шампионите.
Пред овој натпревар во Лајпциг како некој кој најдобро го познава италијанскиот тим направија интервју со Елиф Елмас.
Елмас помина долги години во Италија играше против „старата дама“ за која вели дека е еден од најголемите италијански клубови.
„Секогаш е тешко кога играте против италијански клубови, а посебно против Јувентус кој е еден од најголемите во Италија. Против нив одиграв многу натпревари и знам колку можат да бидат опасни. Одлично се бранат, тоа може да се види и од статистиката, но исто така се флексибилн и опасни во нападот. Со нетрпение го очекувам натпреварот, сигурно ќе биде возбудлив, а ќе играме и пред нашите навивачи тука“.
Направи споредба Елмас и на Серија А и Бундеслигата.
„Во Бундеслигата повеќе се игра физички фудбал со многу трчање и фокус на офанзивата. Во Италија повеќе работите на поседот на топка. Двете лиги се многу силни и се помеѓу најдобрите пет во Европа“.
Јувентус сезонава има нов тренер и со него се уште нема примено гол во Серија А.
„Тијаго Мота направи одлични работи со Болоња, успеа да дојде до Лигата на шампионите и сега очекувањата во Јувентус од него се големи. Навивачите очекуваат и подобар фудбал за разлика од претходниот тренер кој им беше подефанзивен. Но, Јувентус во Италија нема примени гол, па така мораме да бидеме многу за да дојдеме до поголем простор во нападот.
Го спореди македонскиот фудбалер својот соиграч Бенџамин Шешко со Душан Влаховиќ од Јувентус.
„Имаат заеднички карактеристики, но се различни играчи. Мислам дека Шешко е малку технички подобар од Влаховиќ кој повеќе се фокусира на својата физичка сила во играта. Двајцата се одлични, ниту една одбрана не сака да игра против такви фудбалери“.
Натпреварот помеѓу Лајпциг и Јувентус се игра утре од терминот од 21:00 часот.