206
Со гол на нашиот Елиф Елмас, Лајпциг го победи Бабелсберг со 1-0 во контролен меч.
Лајпциг денеска одигра пријателски натпревар против нисколигашот Бабелсберг и дојде само до минимален триумф.
Во тимот на бундеслигашот недостасуваа фудбалерите кои настапуваа на Европското првенство, Елиф Елмас беше стартер и максимално го искористи тоа.
Македонскиот фудбалер беше стрелец на единствениот гол на мечот, постигнат во текот на првото полувреме.