201
Елиф Елмас одигра 73 минути во пријателскиот натпревар против Астон Вила кој Лајпциг го доби со 2-0.
Овој дуел изгледаше како борба за некоја поголема цел, а на подготвителен натпревар за престојната сезона. На теренот имаше голема тензија, а во 42. минута Диего Карлос од Астон Вила заработи втор жолт картон и беше исклучен од мечот.
Ова се први подготовките на Елмас со Лајпциг, македонскиот фудбалер има можност да игра долго и да се наметне кај тренерот. Нешто што не можеше да го направи претходно откако пристигна во германскиот тим.
Головите за Лајпциг ги постигнаа Андре Силва во 17. минута и Опенда на четири минути пред крајот на првото полувреме.
Елмас беше стартер, во игра излезе во 73. минута.