Ситуацијата во германскиот фудбал е прилично јасна, барем што се однесува до трката за Лигата на шампионите, па водечките екипи играат растеретено. Тоа најдобро се виде во ремито на РБ Лајпциг со Вердер Бремен (1-1). „Биковите“ губеа на полувреме со автоголот на Зивалд, меѓутоа преку резервитот Бенјамин Шешко дојдоа до реми.
На овој натпревар резерва беше и македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас, кој влезе во игра во 64. минута и доби половина час од тренерот Марко Розе.
Во попладневниот термин се играа уште три натпревари, а два завршија со идентичен резултат како тој на „Ред Бул Арена“. По 1-1 одиграа Борусија Менхенгладбах против Ајнтрахт Франкфурт и Фрајбург со Хајденхајм.
Единствената победа беше дело на Келн кој со пресврт во финишот го совлада Унион Берлин (3-2).