Елмас доби половина час и имаше две шанси да го спаси Лајпциг од пораз во Дортмунд (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Елмас

Борусија Дортмунд му го нанесе првиот пораз на РБ Лајпциг во Бундеслигата оваа сезона, нашиот Елиф Елмас доби половина час и имаше две шанси да донесе бод за својот тим.

„Биковите“ му го оставија првото место на табелата на Баерн Минхен откако вечерва со 2-1 загубија на „Сигнал Идуна Парк“.

Шешко го отвори резултатот и го донесе РБ Лајпциг во водство во 27. минута, но Борусија Дортмунд веднаш одговори и преку Бајер изедначи на 1-1 во 30. минута.

Домаќините стигнаа до комплетен пресврт во 65. минута, Гираси убаво се снајде по една нафрлена топка и донесе 2-1.

Нашиот Елиф Елмас доби половина час игра и имаше две шанси да го спаси Лајпциг од првиот пораз оваа сезона.

Првата прилика Македонецот ја имаше во 71. минута, но Џан расчистуваше на гол линијата. Втората прилика беше длабоко во судиското надополнување, но Шлотербек блокираше и го спречи да се израдува на деби гол во Германија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани