Шампионот Баер Леверкузен славеше победа на домашен терен против Ајнтрајхт со 2:1 во рамките од седмото коло во Бундеслигата.
Домаќините по само девет минути има голема прилика да дојдат до водство, но Бонифејс не релизираше удар од 11 метри. Казната стигна само седум минути подоцна и тоа на ист начин од белата точка. Прецизен за Ајнтрахт беше Мармуш.
Се играше 25. минута кога Ендрик стрелашше за 1:1 и со тој резултат се замина на паузата.
Во второто полувреме видовме еден гол и тој беше дело на Бонифејс во 72. минута за конечни 2:1.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби 20-тина минути во победата на Лајпциг на гости кај Мајнц од 0:2. Стрелци за гостите беа Симонс и Орбан. Елмас во игра влезе во 73. минута на местото на Вермерен.
Во останатите натпревари Менхегладбах со 3:2 беше подобар од Хајденхајм, Фрајбург со 3:1 го совлада Аугусбург, додека Хофенхајм на свој терен славеше против Бохум со 3:1.