302
Лајпциг ја доби трката со Баерн Минхен за талентираниот играч од средниот ред, Асан Оуедраого.
Баерн Минхен не успеа да се договори со Шалке за ангажман на 18-годишниот фудбалер, по што Лајпциг ја активираше неговата откупна клаузула која изнесува 10 милиони евра.
Оуедраого потпишал петгодишен договор со Лајпциг, а денеска и официјално ќе биде објавен.
Младиот фудбалер кој важи за голем талент игра во средниот ред на повеќе позиции и ќе биде нова конкуренција за Елиф Елмас во составот на Лајпциг.