По подобро изведување пенали Франција ја елиминираше Португалија и закажа четвртфинале со Шпанија.
Во првото полувреме не видовме ништо, никаква посериозна прилика, ниту пред голот на Франција, ниту пред португалскиот.
Вториот дел од играта одново не беше спектакуларен, но имаше минути во кои и двете селекции создадоа по некоја прилика.
Резултатот сепак не се промени ниту по 90 минути игра, па натпреварот отиде во продолженијата.
Не се одлучи ниту една од репрезентациите на тргне похрабро по победата, Килијан Мбапе поради проблеми со поведата на носот кај Франција беше и заменет по првото продолжение. Французите во продолженијата најчесто се закануваа преку Дембеле, додека за Португалија Рафаел Леао пропушти голема прилика, но се закани и Мендеш во самата завршница од 120. минута.
Откако не видовме погодоци ниту по 120 минута победникот се решаваше преку пенали, а таму подобра беше Франција. Французите не погрешија ниту еднаш од белата точка, прецизни беа: Дембеле, Фофана, Кунде, Баркола и Тео Ернандез. За Португалија трагичар беше Жоао Феликс кој не реализираше, додека Роналдо, Бернардо Силва и Нуно Мендеш успешно си ја завршија работата.