Македонија утре (понеделник) од 19 часот игра пријателски натпревар против Хрватска во Ријека, Агон Елези неколку години беше дел од Вараждин и добро го познава хрватскиот фудбал.
Елези кој сега е член на Бохум, вели дека мотивацијата за настап против Хрватска е голема и се надева дека Македонија ќе се покаже во вистинско светло.
„Драго ми е што повторно сум со момците во репрезентацијата, се подготвуваме на највисоко ниво и навистина е предизвик што се соочуваме со Хрватска, селекција која беше бронзена на последното Светско првенство”, вели Елези.
„Секогаш сме мотивирани кога играме за Македонија и така треба да се однесуваме и на терен. Да ги почитуваме задачите од селекторот и да се надеваме на позитивен резултат”.