213
Поранешниот фудбалер на Челси, Демба Ба, се огласи за ситуацијата во која фудбалерите на Аргентина на чело со Енцо Фернандез пееја расистичка песна против Французите.
Аргентинците во славјето на трофејот на Копа Америка во автобусот запеаја песна за црномурестите француски фудбалери, поврзувајќи ги со Африка. Тоа крена огромна прашина, Французите веќе упатија жалба и ситуацијата чека на разрешница.
На темата се огласи и екс-играчот на Челзи, од каде што доаѓа Фернандез, Ба, кој напиша:
„Аргентина е замја во која нацистите бегаа по 1945 година. Таа беше дом на воени злосторници, а сега вие сте изненадени за нивниот потег“.