Екс-играч на Челси откри: Мурињо не „дозволи“ да добијам медал – рече дека не заслужувам!

by 24 фудбал
1 минути читање

Поранешниот англиски фудбалер Карлтон Кол уште ја памети сезоната 2005/06 во која настапуваше за Челси, а клубот ја освои титулата во Премиер лигата.

Сепак, Кол не беше меѓу медалистите во првиот тим на Челси. Тој главно беше резервист и не беше дел од тимот кој тогаш го водеше Жозе Мурињо. Токму за португалскиот стратег Кол нема добро мислење, бидејќи според него Мурињо е виновен што не добил медал за освоен трофеј.

Ми беше чест да играм пред 40.000 домашни навивачи, особено кога го скандираат твоето име. Во Челси ми се оствари сонот. Во сезоната 2005/06 одевме сигурно кон титулата. Требаше да влезам во тимот на барем две од последните три натпревари за да добијам медал од лигата. Сепак, Мурињо ме изостави во сите натпревари бидејќи ми кажа дека не заслужувам медал“, се присеќа поранешниот напаѓач.

Во историските книги на Премиер лигата нема да остане запишано името на Карлтон Кол, а причината е јасна. Во лигата постои правило за еден фудбалер да добие медал за освоен трофеј мора да има барем пет првенствени натпревари таа сезона.

Карлтон Кол ќе го памети Мурињо по лошо, а во повеќе наврати имал и навреди кон Португалецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани