Рубен Аморим дебитира на клупата на Манчестер Јунајтед со реми кај Ипсвич Таун (1-1) во Премиер лигата.
По натпреварот Португалецот зборуваше пред камерите на „Скај Спортс“ крај теренот, а тоа интервју го прекина сопственикот на Ипсвич, познатиот музичар Ед Ширан. Тој не забележа дека програмата оди во живо, па потоа се извини за упаѓањето.
Откако го најавија на програмата, Ед Ширан се пошегува и кажа: „Мислам дека Аморим во моментов не сака да разговара со мене“.
На тоа следеше одговор од португалскиот тренер кој шеговито кажа: „Не, не сакам да разговарам со тебе“.
🚨🎥 – Moment when Ed Sheeran gatecrashed Ruben Amorim's post-match interview.
— UF (@UtdFaithfuls) November 24, 2024
Don't care who he is, but think this was so rude and disrespectful.
Couldn't just waited for the interview to finish. pic.twitter.com/gz6JyOZLna