Фудбалските фанови во Јужна Кореја имаа прилика да гледаат еден од најчудите фудбалски натпревари, а тој се одигра на стадионот во Сеул.
Јужнокорејците направија вистинско шоу и собраа некои од најголемите фудбалски имиња на сите времиња. Составија екипа од напаѓачи кој им се спротистави на легендарните дефанзивци.
За одбранбениот тим под водство на Фабио Канаваро играа: Рио Фердинанд, Карлес Пујол, Немања Видиќ, Андреа Пирло, Хавиер Маскерано, Кларенс Сидорф, Леонардо Бонучи, Едвин ван дер Сар, Рикардо Карваљо, Џон Арне Рисе, Адилсон и Јаја Туре.
За напаѓачкиот тим, чиј играч-тренер беше Тиери Анри, настапија и: Кака, Дидие Дрогба, Еден Азар, Димитар Бербатов, Карлос Тевез, Луис Фиго, Мајкл Овен, Андри Шевченко, Алесандро Дел Пјеро, Ривалдо, Диего Форлан. , Џи-Сунг Парк и Маруан Фелаини.
На крајот натпреварот заврши со победа на дефанзивците од 4:1.