Шпанскиот репрезентативен голман Унаи Симон непосредно по Европското првенство ќе мора да оди на операција.
Иако пред неколку денови тој без проблем бранеше за Шпанија во финалето против Англија, голманот на Атлетик Билбао мора да ја санира повредата која го мачи. Се работи за проблеми со зглобот на раката. Симон ќе мора да биде опериран за во иднина да не се повторуваат проблемите со оваа повреда.
Веќе некое време Симон ја влечеше повредата на зглобот, а сега за време на скратената пауза поради Европското првенство ќе оди „под нож“.
Се очекува по операцијата доколку сè биде во ред Унаи Симон да паузира три или четири месеци. Тоа значи дека ќе пропушти десетина кола во новата сезона на Ла Лига со својот Атлетик Билбао.