Eден од најпознатите светски судии Даниеле Орсато неодамна заврши во солзи по полуфиналето помеѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд бидејќи тоа беше негов последен натпревар во Лигата на шампионите.
Орсато заврши со судењето во елитното европско натпреварување, а сега пред него е Европското првенство кое ова лето ќе се игра во Германија.
Денеска, Орсато во изјава за медиумите потврдил дека турнирот во Германија со сигурност ќе биде негов последен во кариерата. Засега Орсато и не размислува за некаква функција во Судиската асоцијација по крајот на кариерата.
„Во овој момент размислувам само за семејстото и не планирам никакви други обврски“, изјавил Орсато.
Италијанскиот судија беше избран за надјобар светски судија во 2020 година, а се повлекува како судија кој е на второто место на ранкингот на судии со најмногу натпревари во Серија А.