Eден од најважните фудбалери на Борусија Дортмунд во походот кон финалето во Лигата на шампионите каде што ќе го пречекаат Реал Мадрид, Матс Хумелс најверојатно нема да добие повик за настап на Европското првенство.
Најпознатиот германски весник „Билд“ денеска објави дека селекторот Јулијан Нагелсман намеа намера да го повика ветеранот, иако според новите правила има право да повика и 26 фудбалери.ѓ
Тандемот во „срцето на одбраната“ на Германија ќе го сочинуваат Антонио Рудигер и Џонатан Тах, а покрај нив повик најверојатно ќе добијат уште Нико Шлотербек и Никлас Зиле.
Хумелс до овој момент собра 78 настапи за националниот тим на Германија и успеа да постигне пет гола, дебитираше во 2010 година. Ќе потсетиме, тој беше вистински херој на Борусија во полуфиналето од Лигата на шампионите против ПСЖ во кое го постигна единствениот гол.