186
Шпанскиот фудбалер Серхи Роберто стана слободен агент пред околу еден месец откако му истече договорот со Барселона.
Еден од капитените на каталонскиот клуб не се најде во плановите на новиот тренер Ханси Флик, а тоа беше пресудно за Барселона да не му понуди нов договор. И самиот Роберто одолговлекуваше, па и тоа имаше удел во разделбата на фудбалерот кој 18 години беше дел од Барселона.
Сериозен интерес за Серхи роберто покажува Ајакс, кој веќе го контактираше бекот. Се очекува одлуката на Шпанецот да падне во следните денови.